Историјат

АСТЕРФЕСТ. Иницијатор и основач на оваа интернационална филмска манифестација е режисерот Горан Тренчовски. Субјектот е регистриран во јануари, а идејата е јавно промовирана на 28 мај 2005.
Иницијативата е топло поддржана од група интелектуалци и филмски работници, а првото ревијално издание се одржа од 24-26 јуни 2005.
Организатор на филмскиот фестивал Астерфест е ТИВЕРИОПОЛСКАТА ФИЛМСКА АЛИЈАНСА Астерфест со седиште во Струмица, а во партнерство и соработка со национални и локални културни институции и други субјекти.
Првите две години фестивалот речиси не добива субвенциии од државата, а сега се одржува под покровителство на Собранието на општина Струмица, Министерството за култура и Владиката Наум, и е потпомогнат од различни амбасади и спонзори.
Астерфест се одржува редовно секоја година, започнувајќи вообичаено на крајот од мај.
Компетитивни се категориите Астердокс (за креативни кратки документарци), кратките играни творби од рецентната светска продукција, кратките филмови од категоријата Мувиленд (која секоја година претставува различна држава), како и кратките анимирани филмови.
Мотото на претстојното фестивалско издание е ‘ОДИСЕЈА 2012’.